Средба министер за правда Михајло Маневски – Амбасадор на Кралството Шпанија Н.Е. Фернандо де Галаинена  
     
 

11.02.2011

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски оствари протоколарна средба со новиот амбасадор на Кралството Шпанија во РМ Н.Е. Фернандо де Галаинена.

На состанокот стана збор за успешната и континуирана соработка која се остварува помеѓу двете држави особено во делот на правосудството како и за понатамошните области за соработка.

Министерот Маневски го информирање Амбасадорот де Галаинена за тековните процеси и реформските активности кои се преземаат во насока на обезбедување на ефикасно и независно правосудство, како и за новите кои се воведуваат со пакетот на закони за судовите кои се донесоа кон крајот на 2010 година. Министерот Маневски особено се задржа на новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, институција која што беше воспоставена врз база на Шпанскиот модел што се покажа како успешен проект.

Амбасадорот де Галаинена укажа на тоа дека тој бил долго време инволвиран во Евро-интегративните процеси на својата земја и дека стои на располагање за продлабочување на постоечката соработка. Тој подвлече и дека промените и реформите кои се прават во областа на правосудството се суштински промени и се работи за клучна област од значење за процесот на Европска интеграција и дека е јасно дека станува збор за процеси за кои е потребно повеќе време.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk