Маневски во посета на Апелациониот суд и Вишото Јавно обвинителство во Гостивар  
     
 

11.02.2011

 
 

(МИА) - Министерот за правда Михајло Маневски денеска ги посети Апелациониот суд и Вишото Јавно обвинителство во Гостивар.

При посетата, министерот Маневски се сретна со претседателите на основните судови од гостиварското апелационо подрачје.

На средбата се разговараше за имплементација на Законот за судовите.

Министерот за правда, информираше дека во 2011 ќе се работи со забрзано темпо на спроведување на заканите кои беа донесени минатата година. Посебен акцент, во работата на Министерството ќе се стави врз измени во кривичниот законик кој се однесува на дела поврзани со затајување данок.

Тој истакна дека судовите минатата година биле поефикасни и решиле 953 илајди предмети, што е за 43 проценти повеќе од лани, додека за решавање останале околу 390 предмети.

Иако се изложни на напади и притисоци, судиите и судовите нема да потклекнат и да паднат под влијание, нагласи министерот за правда Михајло Манески по денешната посета на Апелацискиот суд во Гостивар.

Министерот за правда Михајло Маневски одоговарајќи на новинарско прашање за уставните измени со кои по функција нема да членува во Републичкиот Судски Совет, потенцира дека тоа не е успех на опозицијата, туку реализирање на предлог од Владата од пред повеќе од една година.

Маневски искажа оптимизам дека и уставните измени кои се однесуваат на членството во Советот на обинители ќе ја поминат собраниската процедура и ќе бидат донесени во скоро време, а со тоа да бидат изменети и законите со кои во овие совети нема да има членување по функција. Според министерот Маневски, во советите треба да има повеќе места за судии и обвинители.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk