Средба: Mинистер за правда Михајло Маневски – Заменик шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје г-ѓа Наталија Дрозд  
     
 

16.02.2011

 
 

Министерот за правда Маневски денеска оствари средба со г-ѓа Наталија Дрозд, заменик шеф на Набљудувачката мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Министерот за правда Маневски ја информираше заменик шефот на Набљудувачката мисијата на ОБСЕ во Скопје г-ѓа Дрозд за интензивната активност на Министерството за правда во подготовката на законите во периодот на изминатите три години. Притоа, Министерот за правда истакна дека имплементацијата на законите ќе биде ставена во фокусот на активностите на Министерството за правда за оваа година.

Министерството за правда посвети внимание на транспарентноста и информирањето на јавноста со организирање на јавните расправи по законите во фазата на нивната подготовка, уште пред нивното влегување во владина процедура. Министерството за правда го смета за особено важно и корисно запознавањето на јавноста со нацрт-текст на закон во подготовка, а особено запознавањето на сите субјекти на кои се однесуваат одредби од законот во подготовка, при што, како што истакна министерот Маневски,  дадените мислења се дискутираат и земаат предвид од страна на работните групи, со цел широка прифатеност на донесените закони и нивна успешна имплементација. Најголемиот дел од организираните јавни расправи по предложени закони од областа на правосудството, ги организираше Министерството за правда, подвлече министерот Маневски.

Од страна на заменик шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје г-ѓа Наталија Дрозд, беше изразена подготвеноста Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје да пружи поддршка за активностите на Министерството за правда, со што успешната соработка помеѓу двете институции ќе се продлабочи на взаемно задоволство.

На средбата стана збор за натамошните активности и соработката што се однесува на остварувањето на Акциониот план за имплементација на Законот за кривичната постапка и соработката на планот на меѓународната правна помош, а истакната е подготвеноста за натамошна успешна реализација на имплементацијата на законите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk