Средба Маневски –Здружение на новинари  
     
 

22.02.2011

 
 


На иницијатива на Здружението на новинарите на Република Македонија денеска во министерството за правда се одржа средба со министерот за правда Михајло Маневски.

На средбата се разговараше за нормирањето на кривичните дела клевета и навреда во Измените на Кривичниот законик.

Министерот Маневски истакна дека основна цел е да се одбрани слободата на изразувањето и притоа не треба да се преземаат рестриктивни мерки за да се ограничи тоа  човеково право кое е загарантирано со Уставот, законите и меѓународните конвенции.


           Претседателот на здружението на новинарите Насер Селмани рече дека е загрижувачка состојбата со примената на кривичните дела клевета и навреда и дека оваа состојба  ја ограничува слободата на изразувањето и ги одвраќа новинарите од критичко известување.

Се поголем е бројот на носители на јавни функции кои  поднесуваат тужби до новинарите, рече Селмани.


           Министерот  Маневски потсети на почитување на основните професионални правила во новинарстото како што е  формалната употреба на демантот, објавување непроверени информации  итн.

На средбата беше заклучено да продолжат и понатаму контактите заради изнаоѓање заеднички решенија во однос на регулирањето на ова прашање.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk