Јавна расправа за Нацртот на амандманот XXXII на Уставот на Република Македонија  
     
 

28.02.2011

 
 

(МИА) – Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа јавна  расправа во рамките на јавната дискусија за Нацртот на амандманот XXXII на Уставот на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија минатиот понеделник го утврди овој Нацрт амандман на Уставот со кој се предлага да биде пропишана можност за предавање на македонски државјани, сторители на кривични дела, на други држави, согласно меѓународен договор и обратно.

Текстот на нацрт амандманот гласи: „На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, не може да биде протеран, ниту може да биде предаден на друга држава, освен врз основа на ратификуван меѓународен договор, со одлука на суд".

Министерот за правда Михајло Маневски  образложи дека измените на Уставот во оваа област се вршат заради создавање предуслови за справување со организираниот криминал и корупцијата и заради усогласување со меѓународните договори. Истакнувајќи дека постојат злоупотреби на постојаната одредба во Уставот и оти има извршители на тешки кривични дела од областа на организираниот криминал кои го избегнуваат изрекувањето или извршувањето на кривично правните санкции користејќи го двојното државјанство, Маневски рече дека со уставните измени тоа ќе биде оневозможено. Со овие измени не се огранучуваат или намалуваат основните права на граѓаните, туку тие се унапредуваат и заштитуваат.

На јавната расправаa,  учествуваa прoфесори, претставници на  политички партии, здруженија на граѓани и други органи и организации. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk