Најава: Јавна Расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик  
     
 

10.03.2011

 
 

На 11 март 2011 година - петок, со почеток во 11.00 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи Јавна расправа за Измените и дополнувањата на Кривичниот законик.

Министерството за правда  го изготви  Предлог  законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој се предлагаат значајни новини, како во делот на борбата и превенцијата од сексуалната злоупотреба на децата, така и имплементирање на препораките од Извештајот за евалуација на Република Македонија усвоен од ГРЕКО.

Во насока на отвореноста и транспарентност во работата на министерството, Предлогот го објавуваме на Веб страницата на министерството и ја повикуваме научната, стручната и пошироката јавност да ги дадат своите коментари, мислења и сугестии, кои можат да  придонесат кон квалитативно подобрување на предложениот текст.

Ве повикуваме да земете учество во Јавната расправа и вашите сугестии и коментари да ги доставите на следната e-mail аддреса: cabinet@justice.gov.mk.


Предлог закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk