Работен состанок со претставници на Американската амбасада  
     
 

17.03.2011

 
 

Денеска во Министерството за правда се одржа работен состанок помеѓу државниот секретар на министерството со претставници од Амбасадата на САД во Скопје, Тимот за Европа и Евроазија при меѓународното биро за наркотици и спроведување на законот.

На состанокот се разговараше за спроведување на реформата на казненото право и активностите околу подготовката за непречна примена на Законот за кривичната постапка во праксата.

Државниот секретар на почетокот на средбата истакна дека изминатите години во рамките на Министерството за правда беа преземени бројни активности на полето на реформа на казненото право. Во таа насока беше донесен Законот за кривичната постапка, и подготвен Акционен план за имплементација на законот.

Претставниците од Амбасадата на САД во Скопје изразија посебен интерес за процесот на иплементација на активностите предвидени во Акциониот план и механизмот за следење на истите, вклученоста на претставници од полицијата и Адвокатската комора во обуките, едукацијата на пошироката јавност за измените во законот и бенефитот од истите, формирањето на истражните центри и правосудната полиција и други слични прашања поврзани со новините и измените во казненото процесно право.

Државниот секретар појасни дека во рамки на Министерството за правда редовно се одржуваат координативни состаноци, на кои се разгледуваат преземените активности и се координираат идните активности. Имплементацијата на предвидените активности се одвива без проблем, и истите се насочени кон усогласување на законите, спроведувањето на базичните и специјализирани обуки, како и активности за јакнење на капацитетите на јавното обвинителство.

На состанокот беа разгледани и можностите за натамошна идна соработка меѓу ОПДАТ Програмата и Министерството за правда. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk