Донација на одземени предмети на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје  
     
 

19.03.2011

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски донираше одземени предмети на  ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје. 

            Донацијата на одземени предмети е дел од Акцијата  за бесплатно отстапување стока на државни институции во чии рамки се отстапени предмети на институции, јавни установи и меѓуопштински центри за социјална работа низ целата држава.

            Како резултат на добрата работа, борбата против шверцот и криминалот, Царинската управа на Република Македонија во изминатиот период одзеде голема количина на разни стоки кои нелегално требало да влезат во Македонија.

            Врз основа на законските одредби, Владата на Република Македонија донесе одлука дел од тие стоки и предмети да ги отстапи и донира .

            Донацијата се состои пред се од разни видови облека, обувки, предмети за хигиена, козметика, електронска опрема, алати, накит, часовници, играчки и други предмети.

            Со оваа донација се опфатени институции кои вршат згрижување, нега и здравствена заштита на деца без родители, лица со пречки во менталниот развој, лица со посебни потреби, институции за грижа на стари лица, жртви на семејно насилство, малолетни лица со нарушено поведение, лица баратели на право на азил и други категории на граѓани. 

Министерот за правда Михајло Маневски   се сретна со директорот на јавната установа Ацо Смоковски, и донираше разна стока на штитениците на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk