Изјава на Министерот за правда, Михајло Маневски по повод Сто дена Влада на Република Македонија  
     
 

06.12.2006

 
 

Министеството за правда согласно определбите на Владата на Република Македонија во овие сто дена ги интензивира активностите за спроведување на реформите во правосудството. Овие реформи се особено значајни во зголемувањето на независноста и ефикасноста на судството, и кои треба да придонесат до полесен пристап кон правдата од страна на граѓаните. Истото, секако ќе придонесе и во враќањето на довербата во институциите на системот, што е битен фактор во исполнувањето на европските стандарди во процесот на зачленување на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

За таа цел е започната имплементацијата на Законот на Судски Совет од редот на судиите. Превземени се потребните активности за имплементација на Законот на судови, кој треба да се применува од 1 Јануари 2007 година, а со кој се предвидува нова организација на судовите во земјава и формирање на Управен суд во Скопје и Апелационен суд во Гостивар. Интензивно се работи на подготовка на текстот на Законот за Јавно обвинителство и на Законот за Совет на јавни обвинители.

Министеството за правда превзеде низа активности за следење на имплементацијата на веќе донесените реформски закони: Законот за парнична постапка, Законот за извршување, ... Големо внимание се посвети и на контролата на работата на нотарските и другите органи кои имаат јавни овластувања а кои се во надлежност на Министерството за правда.

Министеството за правда имајќи ги во предвид согледувањата и искуствата од примената на веќе донесените закони а со цел за нивно подобрување, предложи и ќе предлага нивни измени. Законите кои се донесени и чија примена започнува во наредниот период, ќе бидат имплементирани а самата пракса ќе покаже дали и во кој степен во нив ќе бидат потребни интервенции.

Постигнувањето на целта, односно незвисно и ефикасно судство а истовремено и исполнување на демократските европски стандарди е императив на Министерството за правда кој со сите свои капацитети ќе настојува да го реализира а истото стане реалност во секојдневието на нашите граѓани.

Овде, како значаен дел и нераскинлив сегмет е инсистирањето на борбата против корупцијата во сите сфери од општественото живеење, при што Министеството за правда ќе ги искористи сите свои законски механизми и надлежности.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk