Министерот Маневски се обрати на 13-то Редовно годишно собрание на Нотарската комора на Република Македонија  
     
 

26.03.2011

 
 

Денеска (26.03.2011), министерот за правда Маневски, на покана од претседателот на Нотарската комора на Република Македонија Златко Николовски, се обрати на 13-то Редовно годишно собрание на Нотарската комора на Република Македонија.

Изразувајќи благодарност за поканата, министерот Маневски рече дека Министерството за правда континуирано ја следи работата и пружа помош и поддршка  на нотаријатот. Со големо задоволство, министерот Маневски истакна дека сумирајќи ги резултатите од работата, а и според размената на мислењата со министрите за правда од Регионот, може да се констатира дека нотаријатот во Република Македонија има стекнато углед што се должи на ангажманот во работењето на нотарите, на Нотарската комора и на претседателот на Комората.

Имено, на Конференцијата одржана во Сараево нотаријатот на Република Македонија е прогласен за најуспешниот нотаријат во Регионот.

Сега сме во фаза на измени и дополнување на Законот за нотаријат, со кој она што е забележано во практиката да се вклопи и уреди со закон, со цел постигнување на уште поуспешни резултати во работењето на нотаријатот, подвлече министерот Маневски.

Во своето обраќање министерот Маневски, потсети на состојбата затекната во 2005 година со претовареноста на судовите со предмети, чиј број достигнал 944 илјади предмети. Соочувајќи се со оваа, како што истакна министерот Маневски, неподнослива состојба, а тргнувајќи од препораките од Европската комисија и Советот на Европа, се работеше на законски решенија за ослободување на судовите од предметите, како што се извршните предмети, предметите од оставинска постапка и платните налози, како би можеле судовите да се посветат на работењето на спорните предмети.

Како резултат на реформските активности во правосудството, на крајот од 2010 година судовите го намалиле заостатокот на предметите од над 50 %.

Показател за успешната работа на нотаријатот согласно овие законски решенија, како што информирање министерот Маневски 66% завршени предмети од оставинската постапка.

Тоа што уште повеќе говори за успешноста во работењето на нотаријатот е и фактот дека сè помал е бројот на граѓаните кои поднесуваат претставки во врска со работењето на нотарите.

Владата на Република Македонија - Министерството за правда покрај следењето и надзорот врз работата на нотарите обезбедува и услови за поефикасно работење, со тоа што на располагање на нотарите е ЛДБИС – правната база на објавени закони, други прописи и акти, како и Електронскиот шалтер на Агенцијата за катастар и недвижности. Во функција на електронското работење  се и донесените Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка (Службен весник на Република Македонија бр.116/2010) и Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (Службен весник на Република Македонија бр.17/2011), со кои е пропишана обврска правни субјекти да пријават електронско сандаче со електронска адреса до Централниот регистар.

Од 1-ви јули 2011 година, во надлежност на нотаријатот ќе премине и издавањето решенија врз основа на веродостојна исправа.

Она што е цел на реформата на правосудството е олеснување на пристапот до правдата, со тоа што тој пристап ќе биде побрз, сигурен, достапен, а со донесувањето на Законот за бесплатна правна помош, достапен и за граѓаните кои не располагаат со доволно материјални средства.

Сега сме во фаза на измени и дополнување на Законот за нотаријат, со кој она што е забележано во практиката да се вклопи и уреди со закон, со цел постигнување на уште поуспешни резултати во работењето на нотаријатот, подвлече министерот Маневски.

Во своето обраќање министерот Маневски, потсети на состојбата затекната во 2005 година со претовареноста на судовите со предмети, чиј број достигнал 944 илјади предмети. Соочувајќи се со оваа, како што истакна министерот Маневски, неподнослива состојба, а тргнувајќи од препораките од Европската комисија и Советот на Европа, се работеше на законски решенија за ослободување на судовите од предметите, како што се извршните предмети, предметите од оставинска постапка и платните налози, како би можеле судовите да се посветат на работењето на спорните предмети.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk