Промоција на книгата – издание превод на македонски јазик - “Меѓународно приватно право” од авторите Џејмс Фосет, Џенин Краутерс и Питер Норт  
     
 

28.03.2011

 
 

Денеска (28.03.2011), во рамки на промоцијата на 14 книги од Проектот на Владата за превод на 1000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија, која се одржа во новиот објект  - Кампус 4 на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, беше промовирана и книгата – издание превод на македонски јазик - “Меѓународно приватно право” од авторите Џејмс Фосет, Џенин Краутерс и Питер Норт.

Оваа книга претставува четириесет и првото преведено издание на предлог од Министерството за правда.

На промоцијата на изданијата се обратија Претседателот на Владата на Република Македонија, Ректорот на Универзитетот “Гоце Делчев” и Деканот на Правниот факултет во Штип, а присуствуваа Министерот за правда, Државниот секретар на Министерството за образование, пратеници, градоначалници и голем број на студенти.

Проектот на Владата за превод на стручни и научни книги и учебници има за цел студентите да користат литература која ја користат и студентите од врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД, Англија, Франција и Германија, со тоа да ги прошират своите стручни знаења и на тој начин да ја зголемат самодовербата во стручната комуникација и професионалното работење.



 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk