Работна средба: Маневски - г. Франк Ван Луијк, психолог и професор на Универзитетот во Амстердам  
     
 

07.04.2011

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски оствари средба со г. Франк Ван Луијк, психолог и  професор на Универзитетот во Амстердам и директор на ЛТП, една од најголемите агенции за евалуација на психолошки тестови во Холандија. На средбата присуствуваа и претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Александра Зафировска, претседателот на Советот на јавни обвинители на Република Македонија Костадин Кизов, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска .

 Министерот за правда Маневски информираше дека Министерството за правда е во фаза на утврдување на решенија за примена на законските одредби  што се однесуваат на  психолошките тестови и тестовите за интегритет.

Психолошките тестови и тестовите за интегритет за кандидатите за судии и јавни обвинители имаат за цел  проверка на етичките и моралните вредности на кандидатот за вршење на функцијата судија или обвинител.

Во Холандија, тестовите за интелектуален капацитет, психолошките тестови и тестовите за интегритет успешно се спроведуваат и функционираат веќе 20 години. Професор Луијк истакна дека потребно е да се користат психолошките тестови и искуствата од Холандија , при утврдувањето на соодветните тестови во Република Македонија .

Професор Лујик  изрази задоволство што може да понуди предлози за решенијата за психолошките тестови и тестовите за интегритет  во натамошна интензивна соработка со Министерството за правда , Судскиот совет , Советот на Јавните обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители.

Законот пропишува засновање на тестот за интегритет, кој го спроведува Судскиот совет на Република Македонија, врз постојните етички и професионални кодекси за вршење на функцијата судија и истите да се спроведуваат врз основа на меѓународно признати психолошки тестови за вршењето на функцијата судија кои се применуваат во најмалку една од земјите членки на Европската унија и ОЕЦД.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk