Пуштени во употреба реновираните простории на Основен Суд Куманово  
     
 

12.04.2011

 
 

(МИА) -Министерот за правда Михајло Маневски, денеска, го посети Основниот Суд Куманово каде симболично ги предаде во употреба реновираните простории на зградата на Судот.

Реновирањето и осовременувањето на зградата се реализира во рамките на Проектот за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка при Министертвото, со којшто Основниот Суд Куманово доби две нови судници, три судски кабинети, сала за извршители и девет канцеларии за судска администрација.

- Вложени се 14 милиони денари во реновирањето на објектот, а со тоа се создадени услови за поефискано извршување на работите на судиите. Опфатена е површина од 2090 метри квадратни, просторниот капацитет на судот е зголемен за 420 метри квадратни на третиот кат, кој претходно го користеа други субјекти. Комплетно се реновирани и опремени со мебел 11 судници, 37 судски кабинети, саниран е покривот, изведени се скали за комуникациска поврзаност на вториот и третиот кат, заменети се прозорците и реновирани се санитарните јазли, информираше министерот Маневски.

На ниво на државата, опремени се и реновирани се вкупно 11 судови со проширена надлежност.

- Со темелните реформи во судството, донесените 143 закони, воведувањето на информатичката технологија зголемена е и ефикасноста на судовите.

Лани биле решени 967.000 предмети, зголемена е и бројката на решените заостанати предмети, информира министерот  Маневски и додаде дека во секој суд отворена е и канцеларија за односи со јавноста со што работата на судовите е, вели, транспарентна.

Министерот Маневски најави дека до крајот на месецот ќе започнат и работите за довршување на активностите за затворот во Кшање. Се очекува и изградба на патот во должина од 1.100 метри, а потоа ќе се довршува изградбата на објектите од овој затвор.

Зградата на Кумановскиот суд е изградена во 60-те години од минатиот век и до 2007 не се преземени активности за подoбрување на условите за работата на вработените.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk