Европските искуства во борбата против прењето пари значајни за Македонија  
     
 

04.12.2006

 
 

Директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеоргиевски како претставник на Министерство за правда во Советот за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам на Република Македонија , присуствуваше на 21-та пленарна седница на MONEYVAL – Комитет за борба против перење пари во Советот на Европа, која се одржа од 28 до 30 ноември 2006 година во Стразбур. На пленарното собрание присуствуваа претставници на 48 земји од Европа, членки на Комитетот.

На седницата беа разменети заемните искуства во борбата против перењето пари и активностите што се преземаат во поодделните земји за зголемување на ефикасноста. 

Овие искуства се од огромна корист за нашата држава, со оглед на тоа што во втората половина на март идната година треба да биде извршена евалуација на состојбите во областа на перењето на пари и финансирањето на тероризам во Република Македонија.

Министерство за правда во наредниот период, како што потенцира министерот за правда, Михајло Маневски на средбата по враќањето на директорот Ѓеоргиевски, ќе ги преземе потребните активности за усогласување на регулативата од областа на перењето пари со европските стандарди. Овие активности ќе помогнат во зголемувањето на ефикасноста во борбата против организираниот криминал, корупцијата и перењето на пари.

Министерот Маневски, потенцира дека овие активности ќе бидат  чекор напред во исполнувањето на условите за членство во Европската унија и НАТО и владеењето на правото во Република Македонија .

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk