Министерот Маневски го посети градилиштето на новиот Кривичен суд  
     
 

13.04.2011

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска го посети градилиштето на новата зграда на Кривичниот суд, со цел да се запознае со градежните активности околу  изградбата на судот.

Од надлежните на градилиштето беше информиран дека динамиката на изградбата на новата зграда на Кривичниот суд се одвива според предвидените рокови.

Градежните активности на судот се очекува да бидат завршени до почетокот на идната година.

Вкупната корисна површина на градбата од 8826 м2 овозможува просторно сместување на 7 оддели на Кривичниот суд 74 судски кабинети, 22 средни судници и 2 репрезентативни судници.

Согласно проектната документација на првиот кат се наоѓа опремена судница за 200 лица и кривичен оддел за оранизиран криминал.

На вториот кат е одделот за прекршоци, одделот за извршување санкции и 3 средни судници.

На третиот кат е судница за 100 лица, 1 средна судница, кабинетите и канцелариите за одделот за истрага, истражен оддел за организиран криминал и дел од кривичниот оддел за полнолетни.

Четвртиот кат е наменет за судската управа, кривичниот оддел за полнолетни и 3 судници.

На петтиот кат се 3 судници и кабинети и канцеларии за кривичен оддел за полнолетни.

На шестиот кат се предвидени 6 судници, оддел за малолетни деликвенти и дел од кривичниот оддел за полнолетни.

Поткровјето располага со 6 судници, сервер просторија и сметководство.

Со изградбата на овој суд ќе бидат создадени поволни услови за работа на Кривичниот суд и посебно на Одделот за организиран криминал и корупција.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk