Брдо , Словенија :Обраќање на министерот Маневски на Конференцијата на министрите за правда од земјите од Западен Балкан  
     
 

15.04.2011

 
 

Денескa во Брдо, Република Словенија, министерот за правда Михајло Маневски се обрати на Конференцијата на министри за правда на државите од Западниот Балкан, посветена на конфискацијата на имотот. Министерот Маневски го изложи македонскиот национален систем за конфискација на криминално стекнатиот имот, и посебно се осврна на измените на Кривичниот законик, со кои се воведе проширената конфискација, како и на новиот Закон за кривичната постапка. Во рамките на своето обраќање, министерот Маневски ги презентираше и резултатите од досегашните извршени конфискации по основ на правосилни пресуди во Република Македонија.

Замрзнувањето на имотот со привремените мерки и конфискацијата на имотот се најсилниот инструмент во борбата против организираниот криминал и корупцијата, беше посебно нагласено на Конференцијата. Никој не може да стекне имот со извршено кривично дело и секој принос од казненото дело мора да се одземе , беше истакнато притоа.

На конференцијата беше нагласена  и потребата од континуирана регионална и меѓународна соработка и едукација на кадрите во институциите.

Министерот за правда на САД г дин Ериц Холдер ги презентира потребите за ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата и изрази подготвеност за помош и поддршка во развој на системите за ефикасна борба против криминалот и корупцијата на земјите од регионот.

Oбраќање на г-дин Mихајло Маневски на регионалната конференција на министрите за правда од државите на Западниот Балкан

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk