Министерот Маневски покрена иницијативи за склучување билатерални договори за предавање на сопствени државјани со Р.Србија , Р. Хрватска и Црна Гора  
     
 

19.04.2011

 
 

        

Министерот за правда Михајло Маневски покрена иницијативи за  склучување билатерални договори за предавање на сопствени државјани за сторени кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата  со Република Србија, Република Хрватска и  Црна Гора.

             Собранието на Република Македонија  на 12-04-2011 година го усвои Амандманот XXXII на Уставот на Република Македонија со кој се овозможува склучување договори за предавање на сопствени државјани на други држави, заради водење на кривични постапки  за сторени кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата.

Измените на Уставот во оваа област се извршија заради создавање предуслови за справување  со организираниот криминал и корупцијата и заради усогласување со меѓународните договори. Главно средство за успешно справување со транснационалниот организиран криминал претставува ефикасната правна и правосудна соработка.

Активностите кои ќе бидат преземени во наредниот период ќе бидат насочени кон потпишување билатерални договори за екстрадиција на свои државјани и на државјани на други држави на Република Македонија за дела од областа на организираниот криминал и корупцијата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk