Мисијата на ОБСЕ промовираше публикации кои се однесуваат на новиот Закон за кривичната постапка  
     
 

21.04.2011

 
 

Денеска, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги промовираше публикациите кои се однесуваат на Законот за кривичната постапка: три прирачници за практичари  Истражни дејствија, Спогодување за вина и Вкрстено испитување, како и компаративна пракса во обезбедувањето правна помош во кривични предмети Гарантирање на правото на правен советник и публикација на домашна и меѓународна практика Посебни истражни мерки .

            На промоцијата на публикациите присуствуваше министерот за правда Михајло Маневски.

Презентацијата на прирачниците на темите: вкрстено испрашување, спогодување за вина и истражни дејствија беа презентирани од страна на д-р Гордана Бужаровска, професор на Правниот факултет Јустинијан I” - Скопје, а прирачникот за посебните истражни мерки го презентираа јавните обвинители Јован Илиевски и Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство а гонење на организиран криминал и корупција. Истражување на тема право на правната помош во кривични предмети беше презентирано од страна на г-а Лиса Тилни, шеф на Одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

            Со објавувањето на овие прирачници, како што во своето поздравно обраќање истакна амбасадор Наталија Дрозд, в.д. шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, продолжува поддршката на ОБСЕ во имплементација на новиот Закон за кривичната постапка. Мисијата на ОБСЕ учествуваше на сесиите на работната група и даде поддршка во изготвувањето на новиот Закон за кривичната постапка со експертска и техничка помош.

Целта на овие публикации пред сè е информирање и олеснување на правните практичари во нивната секојдневна работа со предмети од кривичната материја за полесна имплементација на новите решенија во Законот за кривичната постапка. Исто така овие прирачници ќе им користат и на студентите за полесното разбирање на новините во кривичната постапка.

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје г-ѓа Дрозд упати благодарност до Министерството за правда за соработката и за вложените напори за донесување на најдобри законски решенија во насока на остварување на правото на граѓаните за фер судење.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk