Измир, Турција – Обраќање на министерот Маневски на Конференција посветена на иднината на Европскиот суд за човекови права  
     
 

26.04.2011

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска имаше свое обраќање на Конференцијата на високо ниво посветена на иднината на Европскиот суд за човекови права која под покровителство на Турското претседавање со Советот на Европа се одржува во Измир, Турција.

Во обраќањето министерот Маневски ја истакна поддршката што Република Македонија ја дава на активностите на Европскиот суд и Советот на Европа кои се посветени на подобрување на системот на ефикасна заштита на човековите права. Министерот Маневски особено го истакна придонесот на Република Македонија во таа насока, преку организацијата на Конференцијата во Скопје посветена на принципот на субсидијарноста на Европската конвенција за човековите права, во рамките на македонското претседателство со Советот на Европа. Оваа конференција, како што потенцираше министерот Маневски, даде силна поддршка и континуитет на реформите и претставуваше мост помеѓу процесите во Интерлакен и Измир.

Министерот Маневски ги изложи и заклучоците кои беа донесени на Конференцијата во Скопје и ја изрази поддршката кон Декларацијата од Измир, која се очекува да биде донесена на оваа Конференција.

Обраќање на министерот Михајло Маневски



 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk