За спроведување на реформите се потребни европски образовани кадри  
     
 

09.12.2006

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски  денеска присуствуваше на одбележувањето на педесет и пет годишнината на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Тој на присутните им се обрати од името на Владата на Република Македонија.

„Овој јубилеј претставува потсетување дека 55 генерации дипломирани правници работеле и работат во институциите на системот, во јавниот и приватниот сектор и активно учествуваат во градењето и зајакнувањето на правната држава“, рече министерот Маневски. Тој додаде дека овој факултет е прв носител на современите реформи во образованието со прифаќањето на европскиот кредит-трансфер систем и модернизирањето на образовните програми согласно Болоњскиот процес. „Со тоа - рече министерот  Маневски - Република Македонија се приближува кон модерното високо образование и примената на европскиите и светските стандарди“.

Министерот Маневски потенцира  дека Владата на Република Македонија клучен приоритет им дава на реформите на судскиот систем и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Тој додаде дека во успешното спроведување на овие приоритети се потребни стручно обучени кадри, образовани  во европски дух, какви што се едуцираат во оваа високо образовна институција.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk