Средба: Маневски - г. Ахмет Караман, министер за правда на Република Турција  
     
 

26.04.2011

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски учествува на Конференцијата на високо ниво посветена на иднината на Европскиот суд за човекови права која под покровителство на Турското претседавање со Советот на Европа се одржува во Измир, Турција.

Во рамките на Конференцијата, министерот  Маневски имаше билатерална средба со својот колега, министерот за правда на Република Турција, г-дин. Ахмет Караман.  На средбата двајцата министри го потврдија пријателскиот однос и блиските врски кои постојат помеѓу двете држави. Од своја страна, министерот Караман   ја повтори поддршката на Република Турција кон процесите насочени кон реформите на правосудството и затворскиот систем на Република Македонија,и  изрази волја оваа соработка да продолжи и да се продлабочува по пат на размена на искуства. Министерот Маневски се заблагодари на поддршката и истакна дека Република Македонија високо ја цени поддршката на Република Турција  во таа насока, и ја пренесе поканата за посета на министерот    Караман   на Република Македонија. Двајцата министри договорија и идни полиња на соработка, особено во областа на информатичката технологија во судството, како и едукација на затворскиот персонал.



 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk