Работни средби во рамките на Евалуацијата на САД за примена на Конвенцијата против корупција на Обединетите нации - UNCAC  
     
 

05.04.2011

 
 

Од 5 до 8 април 2011 година во Вашингтон, Соединетите американски држави, се одржаа работни средби во рамките на Евалуацијата на САД за примена на Конвенцијата против корупција на Обединетите нации – UNCAC, која се одвива во организација и под координација на Канцеларијата на Обединетите нации за дроги и криминал – UNODC a во улога на држави-евалуатори се Република Македонија и Кралството Шведска.

Евалуациониот тим на Република Македонија се состои од претставници на Министерството за правда, Државната комисија за спречување на корупција и Министерството за внатрешни работи, а неговата работа ја координира Министерството за правда.

На работните состаноци, претставниците на евалуационите тимови на Република Македонија и Кралството Шведска дискутираа со релевантните експерти по однос на одделни членови на Конвенцијата, како што се: -гонење на сторителите на коруптивни кривични дела, -гонење на поткуп на странски службени лица, -одговорност на правни лица, перење на пари/конфискација, замрзнување и одземање на приноси од криминал, взаемна правна помош и екстрадиција, заштита на сведоци и жртви и истраги за предмети на корупција.

Воедно, беа остварени и посети на Обвинителството на САД и на Eдиницата за финансиско разузнавање (FINCEN) како и средба со претставници на цивилното општество.

Како резултат на доставените материјали и средбите со одделните експерти и претставници на релевантните институции, ќе се изготви Извештај за евалуација на САД, кој ќе ја констатира состојбата во однос на имплементацијата на одделните членови на Конвенцијата но и ќе извлече соодветни препораки, заклучоци, забелешки и примери за добри практики.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk