Значително намален бројот на претставки за работа на судовите  
     
 

09.05.2011

 
 

За 37% намален бројот на претставки за работата на судовите поднесени до Министерството за правда

Бројот на претставките поднесени до Министерството за правда  за работа на судовите во 2010 во однос на 2009 година е намален за 558  претставки односно за 37 %.

Зголемувањето на ефикасноста на судството има значителен одраз врз работата на судовите. Тоа најдобро се забележува  од податокот дека во 2010 година се примени 355 претставки кои се однесуваат на забрзување и ажурирање на постапките пред судовите , што е за 232 претставки  или 40 % помалку  во однос на 2009 година.

Исто така се забележува значително намалување на претставките што Министерството за правда ги препратило  до Судскиот совет на Република Македонија. Во 2010 година  биле препратени  282 претставки што е за 196 претставки или 41 % помалку во однос на 2009 година.

Намалувањето на бројот на предметите во судовите и зголемувањето на бројот на решените предмети  директно се одразува на траењето на судските постапки .

Така , како куриозитет се забележува примерот  каде што странка во февруари 2011 година се поплакува заради решавање на предмет по жалба во рок од еден месец што претставува цел на преземените реформски  активности и обврска на судиите за навремено решавање на предметите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk