Средба на министерот Маневски со претседателот на УПОЗ, Муратовски  
     
 

11.12.2006

 
 

Министерот  за правда, Михајло Маневски денеска имаше средба со претседателот и секретарот на УПОЗ, Ванчо Муратовски и Пеце Груевски и претставници на судскста полиција, вработените во казнено-поправните установи и вработените во судовите.

На средбата се разговараше за отворените прашања за подобрување на материјалната состојба на вработените и условите и средствата за работа.

Министерот Маневски на средбата истакна дека од страна на Министерство за правда во најкус можен рок ќе бидат исполнети сите обврски утврдени со Законот за судови за донесување на подзаконските акти, со кои ќе се оформи севкупната законска материја за остварување на правата на членовите на судската полиција.

Во планот за работа на Министерство за правда во 2007 година e предвидено донесувањето на Законот за судска служба со кој ќе се утврдат правата и обврските на вработените во судовите.

Исто така беше речено дека Министерство за правда заедно со Управата  за извршување санкции изготви обемна анализа за состојбите во казнено-поправните установи и изнаоѓање форми и начини за нивно подобрување. Анализата ќе биде доставена до Владата на Република Македонија  и во неа за прв пат  по повеќе години се отвораат прашањата кои долго време биле запоставувани, што ќе придонесе за подобрување на состојбата на вработените.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk