Извадок од турскиот весник ,,Jeni Balkan,, - Министерот за правда Маневски се врати од Измир со убави вести  
     
 

12.05.2011

 
 

Министерот за правда на Република Македонија, Михајло Маневски, минатата недела, во Измир учествуваше на Конференцијата на највисоко ниво поврзана со иднината на Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа.

Министерот за правда Маневски, говорејќи на Конференцијата го објасни давањето на поддршката на ЕСЧП за поефикасен начин на заштита на човековите права.

Министерот за правда Маневски, кој водеше низа преговори со Алев Сулејман, претставник за економија на Измир во Агенцијата за надворешни инвестиции на Македонија, по Конференцијата се состана со министерот за правда на Република Турција, Ахмет Караман. Двајцата ги истакнаа нивните желби и понатаму да продолжи соработката и блиските контакти на ниво на министерствата за правда, исто како што постои соработка помеѓу Турција и Македонија на секое поле.

По оваа средба, министерот за правда Маневски, заедно со претставникот за економија, Алев Сулејман, ги посетија градоначалникот на општина Измир, Азиз Коџаоглу, заменик претседателот на Трговската комора на Измир, Акин Казанчоглу, претседателот на општина Конак, Хакан Тартан и сопственикот на фабриката за текстил Учак, Јашар Учак.

На овие средби беше акцентирана потребата за развивање на врските помеѓу Македонија и Турција. И Хакан Тартан, претседателот на општина Конак, помеѓу 11-14 мај, со спонзорство на општина Конак и учество на Амбасадата на Македонија го истакна организирањето на “Деновите на македонскиот туризам” во општина Конак. Според добиените информации, 15 општини од Македонија ќе го претстават македонскиот туризам. Управата за туризам пак, ќе им ги пренесе на заинтересираните поддршката и помошта дадени од Владата. Претседателот на општина Конак Хакан Тартан кој на министерот за правда Маневски му ја упати оваа убава вест, на Алев Сулејман, претставникот за економија на Измир во Агенцијата за надворешни инвестиции на Македонија му искажа благодарност за учеството.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk