ЗГОЛЕМЕНА ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО РАБОТАТА НА СУДОВИТЕ  
     
 

17.05.2011

 
 

-          Довербата на граѓаните во работата на судовите за периодот април – мај оваа година изнесува 84,36% и во однос на периодот мај – јуни 2010 година е зголемена за 4,79%

            Довербата на граѓаните во работата на судовите во последната анкета спроведена од Судскиот буџетски совет за периодот април – мај оваа година изнесува 84,36%. Во однос на периодот мај – јуни 2010 година довербата на граѓаните во работата на судовите е зголемена за 4,79%.

            Довербата на граѓаните во работата на судовите, меѓу другото, се должи и на зголемената ефикасноста на судовите и на намалувањето на траењето на судските постапки. Имено, во 2008, 2009 и 2010 година основните судови во Република Македонија решиле:

-          од 58% до 64% од вкупниот број на граѓански предмети во работа,

-          од 64% до 71% од вкупниот број на работни спорови и

-          од 54% до 61% од вкупниот број на стопански предмети во работа.

Од анализата за наведените три години, забележан е тренд на зголемување на решените предмети во интервалите до три месеци, од три до шест месеци и од шест месеци до една година, додека се намалува бројот на предметите решени во интервалите од една до три години, од три до пет години и над пет години.

Апелационите судови во Република Македонија во 2008, 2009 и 2010 година решиле од 73% до 80% од второстепените граѓански предмети, а времетраењето на постапката до шест месеци се движи во распон од 70,5% до 96,5%.

Во наведениот период апелационите судови имаат постигнато позитивни резултати во совладувањето на предметите од областа на работните спорови по жалба. Во 2008, 2009 и 2010 година тие решиле од 73% до 80,6% од вкупниот број предмети во работа, при што времетраењето на постапката до шест месеци се движи од 73% до 99%.

Во 2008, 2009 и 2010 година процентот на решени стопански предмети по жалба од страна на апелационите судови се движи од 71% до 81%, при што од 64% до 97% од предметите се решени до шест месеци.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk