Средба Маневски – Гардето  
     
 

18.05.2011

 
 

Денеска, министерот за правда Михајло Маневски оствари средба со претставниците на Делегација на Ад хок Комисијата на Парламентарното Собрание на Совет на Европа (ПС на СЕ) за набљудување на парламентарните избори во Република Македонија, предводена од г-дин. Жан-Шарл Гардето, шеф на мисијата.

Министерот за правда ги информираше присутните за измените направени во законската регулатива како и за преземените мерки и активности за обука на кадрите и зајакнување на капацитетите на институциите за спроведување на фер и демократски избори во Република Македонија.

Во Изборниот законик се се имплементирани меѓународните  стандарди за спроведување на изборите  како и препораките на Венецијанската комисија и извештаите на ОБСЕ/ОДИХР, како резултат на набљудувањето на изборните процеси во Република Македонија, a посебно Kонечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР од набљудувањето на претседателските и локалните избори во 2009 година и за примената на изборното законодавство при спроведувањето на овие избори.

Во Кривичниот законик се воведува ново кривично дело на „Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања“ (член 165-а) согласно кое се предвидува одговорност на правни лица кога одговорно лице нема да пријави донации, ќе го  спречи надзорот над финансирањето или помагањето на друг начин на изборна кампања, нема да поднесе финансиски извештај или ќе даде лажни или непотполни податоци за  дадени  донации  и  други  средства,  ќе  ги  пречекори  законските  ограничувања  на  средствата дозволени за изборна кампања, ќе обезбеди недозволени средства за изборна кампања,  ќе исплати средства спротивно на намената за финансирање на кампањата или на друг начин ќе го  злоупотреби своето овластување определено со закон.” Предвидена е и конфискација на незаконски обезбедените средства

Со овие измени се направи усогласување со препораките од ГРЕКО- Извештајот, а кои се однесуваа на финансирањето на политичките партии, а поврзани со кривични против изборите и гласањето.

На средбата Министерот Маневски подвлече дека континуирано се спроведуваат активностите за јакнење на институциите и се врши обучување на кадрите, кои се спроведуваат од страна на Државната изборна комисија, Министерството за правда, Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Министерството за внатрешни работи, ОБСЕ, и други за подготовка на институциите за спроведување на фер и демократски избори.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk