Министерот Маневски го означи почетокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправни и воспитно-поправни установи во Република Македонија“  
     
 

28.05.2011

 
 

 (МИА) - Министерот за правда Михајло Маневски денеска го означи почетокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправни и воспитно-поправни установи во Република Македонија“ пред затворот во кумановското село К’шање.

Со проектот се предвидува да се изгради нова вкупна површина од 62.203 метри квадрати во четири установи и тоа Казнено поправниот дом Идризово, воспитно образовниот дом Тетово,затворите Скопје и Куманово. Во четирите објекти предвиден е капацитет за 2500 лица.

За изградба на нови затвори, нивна опрема и реконструкција ќе бидат потрошени 52 милиони евра, од кои 46 милиони евра се одобрен заем од банката за развој на Советот на Европа и 6 милиони евра од буџетот на Република Македонија.

- Со реализација на овој проект, Македонија еднаш засекогаш ќе го отрфрли притисокот што се врши за несоодветни услови во затворите.Никој досега,како оваа Влада и Министертвото не се зафатил со решавање на ова крупно и значајно прашање со кои се обезбедуваат достоинствени и хумани услови за престој и работа на осудените лица,рече министерот Маневски.

Директорката на Управата за извршување санкции, Лидија Гавриловска нагласи дека со реализација на програмата целосно ќе се промени ликот на затворите, ќе се обезбедат услови за функционирање, според европските стандарди, ќе се овозможи ресоцијализација на осудените и ќе се созадат оптимални услови за престој и работа на осудените и вработените за кои пак е обезбедена и едукација.

Вкупната инвестиција за изградба на комплексот на затворот во Куманово ќе изнесува 227.533.555 денари. Затворот во Куманово ќе има вкупна корисна површина од над 5000 метри квадратни и капацитет од 250 лица, од кои 50 лица во притворскиот дел.

Затворот во К’шање опфаќа административен блок со површини за прием,администрација,простории за посетители, прием и регистрација, амбуланта со стационар, кујна, трпезарија, перална, работилница, едукативен центар,гаража и енергетски блок, спортски терен, безбедносна ограда и пат во должина од 1300 метри.

Министерот Маневски на денешната свеченост истакна дека во Идризово сместувачките капацитети, со реализација на овој проект се зголемуваат од 900 на 1500, а во затворот Скопје,со новите објекти, вкупниот сместувачки капацитет ќе изнесува 634 осудени лица, додека во поправниот дом Тетово, 86 малолетни лица.

Во проектот учествувале експерти, а студијата за одржливост на проектот ја подготвила консултантска куќа, ангажирана и финансирана од Европската комисија.

Говор на Министерот Михајло Маневски

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk