Во рамките на Програмата на Владата на Република Македонија за финансирање на изградба, реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено-поправните установи за 2011 година со буџетски средства, завршено е комплетото реновирање на петтото крило во КПД Идризово и стражарските кули.
Петтото крило во затвореното одделение е со капацитет од 95 осудени лица.
Со буџетски средства извршена е целосна реконструкција на објектот со површина од 650м2, и тоа:
- Промена на дрвените со алуминиумски прозори со термопан стакло;
- Промена на дрвени врати;
- Дрвениот патос е заменет со ламинат во сите простории;
- Целосна реконструкција на санитарните јазли;
- Санирање на сите караули во КПД Идризово;
Со неговото реновирање е извршено уредување на просторот и одделението целосно е прилагодено на меѓународните стандарди, Европските затворски правила за издржувањето на казната затвор, а согласно препораките на Комитетот против тортура.
За реновирање на ова крило се инвестирани 4.400.000,00 денари, буџетски средства.