Информација во врска со независната ревизија на финансиски извештаи по проектот за Правна и правосудна имплeментација и институционална поддршка  
     
 

09.06.2011

 
 

  Министерството за Правда за потребите на Проектот за правна и правосудна имплементација и институционална подршка, финансиран со Заем бр. 4823 МК од Светска банка ги ангажираше Грант Торнтон, независни ревизори,  да направат ревизија на финансиските извештаи на проектот за 2010 година во согласност со меѓународните стандарди за ревизија.

            Независните ревизори, Грант Торнтон, спроведоа ревизија во периодот од 09-13 Мај 2011 година, за периодот од 01.01.2010 до 31.12.2010 година на проектот при Министерство за правда, и при тоа не најдоа никакви забелешки на работењето на проектот. Независните ревизори изнесоа позитивно мислење за направените трошоци и користењето на средствата од заемот при Министерство за Правда. Финансиските извештаи праведно покажаа дека   истите се во согласност со соодветните Директиви за финансиско известување на Светска банка и во согласност со релевантните одредби од Договорот за заем број 4823 МК.

 Ревизија Грант Торнтон, мислење :

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk