Искуствата на италијанските експерти значајни за Јавното обвинителсво на Република Македонија  
     
 

08.12.2006

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со Фердинандо Боатје де Монжо, резидентен твининг советник на КАРДС твининг проектот “Поддршка на Јавното обвинителство на Република Македонија – Одделение за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата“ и Замениците јавни обвинители Славчо Станков и Коста Петров.

На состанокот министерот Маневски ја истакна значајноста на овој проект за Јавното обвинителство и воопшто за Република Македонија  и ја реафирмира целосната поддршка на Владата за неговата реализација. Ова поради фактот што проектот кореспондира со цврстата определба на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот Маневски истакна дека лично ќе се залага за реализација на активностите и обврските, меѓу кои е и обезбедувањето на дополнителни средства кои се неопходни за негова успешна реализација.

Министерот Маневски посакувајќи му успешна работа на резидентниот твининг советник, Фердинандо Боатје де Монжо потенцира дека искуствата на експертите од Италија, земја чие обвинителство важи за едно од најуспешните особено во делот на организираниот криминал и корупцијата во меѓународни рамки, ќе бидат многу значајни и за Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk