Министерот за правда Маневски го информираше заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Наумовски за реформите во правосудството  
     
 

23.06.2011

 
 

На денешната средба министерот за правда Михајло Маневски го информираше заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Васко Наумовски за досега реализираните, сегашните и идните активности предвидени со Националната програма од областа на правосудниот систем.

Зголемената ефикасност, зголемените стандарди за идните судии и обвинители, зголемениот буџет, воведувањето систем на кариера, бесплатната правна помош, реформите во пенетенцијарниот систем, континуираните обуки, како и целосната компјутеризација и функционалност на е-судството се само дел од реформите во судството спроведени изминатиов период. Како што истакна министерот за правда подготвени и донесени се сите закони и подзаконски акти во предвидениот рок согласно Националната програма за усвојување на европското право.

Осврнувајќи се на зголемената ефикасност на судовите, министерот за правда Михајло Маневски напомена дека во 2010 година судовите во Република Македонија решија вкупно 967 352 предмети, што е повеќе во однос на 2009 година за 52 %. Судовите се растоваруваат согласно препораките од Европската комисија и Советот на Европа, со тоа што судовите ќе постапуваат само по спорните предмети. 

Во тек се голем број стручни обуки и семинари и продолжува интензивната едукација на кадрите во пресрет на примената на новините во кривичната постапка и парничната постапка.

Во однос на антикорупциската политика, министерот Маневски истакна дека сите препораки на ГРЕКО се веќе вградени во легислативата.

На средбата беа повторени заложбите за континуитет на активностите за реформите во правосудството.

Активностите на Министерството за правда се насочени кон имплементација на законите со цел зголемување на ефикасноста на судството, подобрување на пристапот до правдата и реформа на пенитенцијарниот систем.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk