Министерот за правда на Република Македонија Блерим Беџети оствари протоколарна средба со Брајан Агелер , вршител на должност амбасадор на САД во РМ  
     
 

08.08.2011

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети, денеска, во просториите на Министерството за правда, ја оствари првата протоколарна средба од преземањето на мандатот Министер за правда на Република Македонија, вршителот на должност Амбасадор на САД, г-динот Брајан Агелер и други високи претставници од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија,.

На првата протоколарна средба американскиот амбасадор, г-н Агелер  упати честитки до министерот за правда, г-н Блерим Беџети по повод неговото назначување на оваа одговорна функција. Тој истовремено ја истакна подготвеноста на САД за пружање помош и совет во областа на владеењето на правото и потврди дека се цени јасната визија со која Република Македонија напредува во делот на владеење на правото.

Министерот Беџети  се заблагодари за упатените честитки и истовремено ја истакна благодарноста за севкупната поддршка која САД и ја дават на Република Македонија во областа на правото. Воедно, министерот го истакна значењето на досегашната исклучителна поддршка на САД  што и ја дават на Република Македонија. Министерот Беџети особено нагласи дека еден од главнатите приоритети на Министерството за правда ќе биде имплементацијата на законите што ќе бидат носени. 

Министерот Беџети, исто така, ја потенцираше неговата определба да продолжи со реформите во правосудсвото, како и да ги интензивира чекорите во насока на исполнувањето на стратегиската определба за членство во ЕУ и  НАТО.

Министерот Беџети истакна дека во неговиот мандат ќе ја поттикне и јавната дебата за законите што ќе ги подготвува Министерството за правда .

На крајот од средбата, министерот Беџети се  заблагодари за севкупната поддршка и пријателските односи  на САД и посочи дека како член на владата на Република .Македонија ќе продолжи да ги негува пријателските односи со САД.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk