Министерот Беџети ја доби првата честитка од својот колега Министерот за Правда на Косово, г-дин Хајредин Кучи  
     
 

09.08.2011

 
 

Министерот за правда г-дин Блерим Беџети ги доби првите честитки за новата должност од страна на министерот за правда и заменик претседател на владата на Република Косово г-дин Хајредин Кучи.

Почитуван г-дин Беџети,

 Со задоволство ја добив информацијата за вашето именување на чело на министерството за правда. Убеден сум дека вашето богато  искуство во различни области и правни професии ќе дадат нова вредност и одличен модел на управување со  Министерството за Правда во Република Македонија. Среќен сум што во текот на мојот мандат ќе имам чест и задоволство да работам со вас како  колега за прашања кои се од виталнo значење за владеењето на правото во нашите земји“ е напишано во писмото на Кучи.

Понатаму Косовскиот министер за Правда нагласува дека взаемната соработка помеѓу двете министерства преку  договори за меѓународна  правна соработка или преку размена на идеи и различни искуства со цел реформирање на  нашите правни  системи за да се адресираат на подобар начин нашите предизвици за членство во Европската Унија.

 Писмото се затвара со честитки за успеси во работа.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk