Министерот Беџети се сретна со претставници на Нотарската комора  
     
 

17.08.2011

 
 

          Министерот за правда, г-дин  Блерим Беџети, оствари прва работна средба со претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, Зорица Пулејкова  и двајца претставници од Нотарската комора на Република Македонија.

            Претседателот на Нотарската комора на Република Македонија  упати честитки до Министерот за правда и се заблагодари за отстапеното време со желба за понатамошна соработка. Министерот за правда, г-н Беџети  се заблагодари за упатените честитки и го истакна значењето на нотаријатот во Република Македонија. Тој воедно истакна дека ќе продолжи понатамошната соработка  на Министерството за правда со Нотарската комора на Република Македонија и дека ќе се создадат можности за бројни  соработки, се во интерес на граѓаните на Република Македонија.

            Министерот за правда, од страна на претседателот на Нотарската комора, г-ѓа Пулејкова, беше запознаен со тековните активности на Нотарската комора на Република Македонија.

            На крајот од средбата, министерот Беџети се заблагодари на присутните претставници од Нотарската комора на Република Македонија, и додаде дека идните вакви средби ќе придонесат за успехот во натамошната соработка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk