Посета на градилиштето на објектот Кривичен суд Скопје  
     
 

02.09.2011

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети денес го посети градилиштето на кое одвиваат градежните работи за изградба на Кривичен суд Скопје на локалитетот Судска Палата 2, бул.Гоце Делчев бб.

Градбата Кривичен суд Скопје е отпочната на 28.05.2010 година со поставување на камен-темелник и за истата се обезбедени финансиски средства од Буџетот на Република Македонија и од заемот од Светска Банка.

Новата градба Кривичен суд Скопје е проектирана на 10 нивоа: две подрумски нивоа, приземје, 6 ката и поткровје со предвидени 74 судски кабинети, 22 средни судници, 2 репрезентативни судници за случаите на организиран криминал, паркинг места за 60 возила, активна и пасивна архива, писарници за 60 вработени и низа други содржини за нормално функционирање на Кривичниот суд. Воедно, предвидена е опрема за видео надзор, аудио и видео снимање на судските процеси во 4 поголеми судници, како и опрема за видео конференциски систем во репрезентативната судница. Во склоп на машинските инсталации, предвиден е централен систем за греење и ладење, поврзаност со градската мрежа за топловодно греење соодветен вентилационен систем и спринклер систем за гаснење на пожар.

Министерот за правда детално ја разгледа функционалноста на новата судска зграда по сите катови, се запозна со тековните активности на изведувачот ГД Гранит АД Скопје и надзорот Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл, како и со планираните активности за докомплетирање на изградбата.

Воедно, Министерот за правда Блерим Беџети изрази задоволство од досегашниот тек на работите и квалитетот на изведбата во насока на создавање на подобри просторни услови за сместување на вработените и одвивање на судските процеси во новиот Кривичен суд Скопје. Градбата е со изградена карабина со корисна површина од 8826 м2, односно бетонските и армирано бетонските работи се завршени и оформен е габаритот на објектот, а тековно се изведува челичната кровна конструкција, како и низа активности поврзани со електричните, машинските и хидротехничките инсталации.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk