Тркалезна маса на тема “Односите помеѓу јавното обвинителство и полицијата“  
     
 

05.09.2011

 
 

Тркалезна маса на тема “Односите помеѓу  јавното обвинителство и полицијата“

Министерот за правда г-дин Блерим Беџети денеска имаше свое обраќање пред присутните на тркалезната маса на тема “Односите помеѓу јавното обвинителство и полицијата“ организирано од Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка со Советот на јавните обвинители на Република Маекдонија со финансиска поддршка од Инстументот за техничка помош и размена на информации (ТАIЕХ) на Европската унија. 

  Министерот Беџети на почетокот посочи за значителноста на односите помеѓу јавното обвинителство и полицијата, потоа додаде дека тоа е тема од битно, па дури и клучно значење во контекстот на обемните реформски зафати во кривично правната област кои ги спроведуваме.

  Понатаму, Беџети потсети за посветеноста на Министерството за правда на реализација на Стратегијата за реформа на кривичното право, во рамките на која без сомнение најголемите напори беа вложени во реформата на кривично процесното законодавство, односно во изготвувањето и донесувањето на новиот Закон за кривичната постапка додаде министерот .

  На крајот министерот дополнително посочи дека, како и досега во текот на овој процес, и Академијата, и правосудните органи и професионалните здруженија на судиите и јавните обвинители можат да сметаат на поддршката и присуството на Министерството за правда на обуки и други видови настани на кои ќе се дискутира за начините и модалитетите за успешна имлементација на реформата.  Ние сме свесни дека за ваква крупна реформа вистинската работа започнува кај примената на законот, но сме оптимисти дека со добра организација и соодветни обуки, реформата ќе биде успешна, и во склад со цврстата определба на оваа Владата за ефикасна борба против корупцијата и криминалот на сите фронтови, во рамнотежа со ефикасна заштита на правата и слободите на граѓаните.

 

 

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk