„Денови на бесплатен правен совет“ во Студеничани и Кисела Вода  
     
 

07.09.2011

 
 

Скопје, 7 септември 2011 (МИА) - Стручни лица од областа на адвокатурата, медијацијата, нотаријатот и извршувањето денеска им даваа бесплатни правни совети на граѓаните во општините Студеничани и Кисела Вода во рамки на „Деновите на бесплатен правен совет“.
Лицата кои ги исплонуваат условите за бесплатна правна помош, како што информира на денешната средба со граѓаните на општина Кисела Вода, министерот за правда Блерим Беџети, поднесуваат барање лично или преку пошта до 34-те подрачни одделенија на Министерството за правда.
Тој посочи дека интересот за ваквите совети е голем и оти Законот за бесплатна правна помош е се поблиску до граѓаните.
Заменик министерот за правда Биљана Бришкоска-Бошкоски нагласи дека претставниците на Министерството за правда и коморите им даваат совети на граѓаните доколку имаат одредени проблеми и доколку ги исполнуваат условите како да добијат бесплатна правна помош. Таа додаде дека финансиските средства за бесплатната правна помош за граѓаните ги подмирува Владата на Република Македонија.
„Деновите на бесплатен правен совет“ се во организација на Министертвото за правда, Адвокатската комора, Нотарската комора, Комората на медијатори и Комората на извршители.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk