Регионална конференција - “Јавноста како партенр во владеењето на правото“  
     
 

02.09.2011

 
 

Заштитата на човековите права во едно демократско општество, несомнено е поврзано со ефикасното функционирање на судството како самостојна власт во правниот систем на секоја држава.

            Независноста на судскиот систем претставува основен столб на правниот поредок заснован врз принципот на владеењето на правото и на функционирањето на правната држава. Во тој дух, остварувањето и заштитата на човековите права во секое демократско општество најнепосредно се поврзани со ефикасноста на судството како самостојна власт во правниот систем на државата.

Владата на Република Македонија во изминатиов период ги интензивираше реформите во сите сфери на општественото живеење, процес кој налага темелни промени и во судскиот систем. Тие се неопходни и за остварување на зацртаната  стратегиска цел:  полноправно членство во евроатлантските структури посочо министерот за Правда г-дин Блерим Беџети во своето обраќање на затворењето на дводневната Регионална конференција посветена на темата - “Јавноста како партнер во владеењето на правото“, што во организација на амбасадата на САД во Република Македонија денес и утре(01.-02. Септември 2001година )се одржа во скопскиот хотел “Александар Палас“.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk