Свечено врачување на уверенија на избраните членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите  
     
 

27.12.2006

 
 

          Денеска во Министерството за правда се изврши свечено врачување на уверенијата на избраните членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите,  избрани на изборите спроведени на 15.11.2006.

          На свеченоста  на која присуствуваа членовите на Комисијата за спроведување на избори на членови на Судскиот Совет на  Република Македонија, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија г.Дане Илиев, заменик јавниот обвинител на Република Македонија г.Славчо Станков, јавниот правобранител на Република Македонија г.ѓа Оливера Китановска, директорот на Агенцијата за обука на судии и јавни обвинители г.ѓа  Анета Арнаудовска , уверенијата ги врачи министерот за правда г. Михајло Маневски .

          Притоа  Министерот Маневски  се осврна на конституирањето на Советот чија основна функција е јакнење на самостојноста и независноста на судството. Имајќи ги предвид надлежностите на Советот, министерот Маневски потенцира дека  членовите имаат огромна одговорност пред сите судии и пред целата македонска јавност  за подигнување  на авторитетот на судската власт.

          На средбата стана збор за остварувањето на судските реформи и за имплементација на законите заради остварување на ефикасен судски систем.Во таа смисла од особена важност е   имплементацијата  на Законот за судовите кој започнува да се применува од 1.1.2007 година. Во  министерството рече министерот Маневски се преземаат мерки за остварување на претпоставките за доследна примена на Законот за судовите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk