Министерот за правда Блерим Беџети во посета на Основниот Суд Скопје 2- Скопје, по повод влегување на сила на Законот за парнична постапка  
     
 

12.09.2011

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети по повод од почнувањето со примената на новите законски решенија во парничната постапка го посети Основниот Суд - 2 во Скопје. Во рамките на посетата министерот Беџети се сретна со претседателот на Основниот Суд 2 - Скопје Беќир Шаини, претседателот на Врховниот Суд на Република Македонија Јово Вангеловски, претседателот на Судски Совет на Република Македонија - Александра Зафировска, и претседателот на Апелациониот Суд во Скопје - Љупка Арсениевска. Министерот Беџети се задржа во приемното одделени и архивата на судот каде одблизу ја проследи работата на овој дел од судот со странките.
Министерот Беџети за новинарите изјави дека Основниот Суд 2- Скопје е најголемиот граѓански суд во државата кој според обемот на работата постигнува добри резултати во работењето, и посочи дека средбата има за цел да се разменат мислења во однос на остварувањето на судската функција со посебен акцент на журноста на судот по повод започнувањето со имплементацијата на новите решенија во Законот за парничната постапка. Тој додаде дека посетата на судот е дел од редовните активностите на Министерството за правда со цел непосредно да се разменат мислења за состојбата во судството. Беџети исто така истакна дека Министерството за правда како ресорно министерство претставува линк помеѓу извршната власт и независната судска власт и додаде дека „Министерството за правда ќе се залага за градење партнерски односи заради понатамошното подобрување на состојбите во судството“.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk