Средба : Беџети – Паулсен, Aмбасадор на Кралството Норвешка  
     
 

22.09.2011

 
 

Министерот за правда  Блерим Беџети денеска се сретна  со амбасадорот на Кралството Норвешка  г . Кјетил  Паулсен.

Тема на разговор на состанокот беше успешната соработка која се остварува помеѓу двете држави со посебен акцент  на правосудството , како и за понатамошните начини на соработка.

Министерот Беџети  го информираше Амбасадорот г. Кјетил Паулсен  за тековните процеси и реформските активности кои се преземаат во насока на обезбедување на ефикасен и независен правосуден систем. Министерот Беџети  особено се задржа на новиот Закон за медијација како и на унапредување на активностите во врска со медијацијата.

Амбасадорот Паулсен  му ја честита новата функција на министерот Беџети и  укажа дека стои на располагање за продлабочување на  соработката. Тој подвлече и дека промените и реформите кои се прават во областа на правосудството се суштински промени и се работи за клучна област од значење за процесот на Европска интеграција. Во рамките не средбата се разговараше и за искуствата на Норвешка во областа на малолетничката правда.

На крајот од средбата, министерот Беџети се  заблагодари за севкупната поддршка и пријателските односи на  Кралството Норвешка и посочи дека како член на Владата на Република Македонија ќе продолжи и понатаму да ја зацврстува меѓусебната соработка на двете земји.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk