Министерот за правда Блерим Беџети денеска се сретна со Амбасадорот на Република Косово во Република Македонија г-н Скендер Дурмиши.
На средбата министерот Беџети го запозна Амбасадорот г-н со активностите на министерството за правда кои се одвиваат во овој период.
Во таа смисла Беџети истакна дека во министерството се работи на реформските процеси кои се преземаат во насока на обезбедување на ефикасен и независен правосуден систем.
Mинистерот Беџети посочи дека е расположен да ги сподели искуствата на Македонија со Косово во сферата правосудниот систем.
На средбата се разговараше и за досегашната и идната соработка со Република Косово во доменот на екстрадицијата , трансферите и во областа на соработка во кривичноправната материја.
Амбасадорот Дурмиши се заблагодари на срдечниот прием од страна на министерот Беџети и истакна дека неговите заложби во наредниот период ќе бидат во насока на зајакнување на правната соработка на двете соседни земји.
Исто така Амбасадорот г-н Скендер Дурмишо упати покана до министерот Беџети за скора посета на Република Косово , која што со задоволство беше прифатена од страна на министерот Беџети.