Средба на министерот Беџети со амбасадорот на САД во Република Македонија  
     
 

26.09.2011

 
 

 

Министерот за правда Блерим Беџети, денес го пречека амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, г-дин Paul D. Wolhers.

На ова средба американскиот амбасадор му упати честитки на министетрот за правда, Блерим Беџети по повод  неговото назначување  на ова функција. Амбасадорот Wolhers исто така ја изрази подготвеноста на САД за давање  помош и совети од областа на правосудството.

Министерот за правда, г-дин Блерим Беџети, му се заблагодари на амбасадорот за упатените честитки, како и за подршката  која Соединетите Американски Држави и ја даваат на Република Македонија, со посебен акцент на правосудството. Министерот се заблагодари и на досегашната искажана  подршка на САД од оваа област.

Во текот на разговорот министерот  ги презентираше и приоротетите на неговата работа: ја истакна и неговата определба за продолжување со реформите во областа на правосудството, како и главните приоритети околу усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на Европската унија.

На ова средба амбасадорот  Wolhers  се интересираше и за состојбата на правосудниот систем во Република Македонија, каде од министерот Беџети е запознаен со работите кои се во тек во правосудната област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk