Охрид-Министерот Беџети учествува на дводневен Форум Форум од областа на правда и внатрешни работи со учество на земјите од Западен Балкан.  
     
 

03.10.2011

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети се обрати на Форумот од областа на Правда и внатрешни работи со учество на земјите од Западен Балкан кој се одржува во Охрид.

Министерот Беџети упати благодарност кон Полското претседателство со Европската Унија за силната поддршка на европските аспирации на земјите од Западен Балкан. 

Со стекнувањето на статус кандидат на Република Македонија,рече Беџети укинувањето на визниот режим и препораката на Европската комисија и Европскиот парламент за отпочнување на предпристапни преговори со ЕУ, се реализираа неколку клучни приоритети во процесот на интеграција во ЕУ, кои се поддржани во континуитет како од сите политички фактори во државата така и од македонските граѓани. Со овие достигнувања истакна Беџети се материјализираа вложените напори во рамките на поставената агенда за пристапување во ЕУ, чија стратешка рамка беше вообличена со донесувањето на Националната стратегија за европска интеграција, а неопходниот политички и правен чекор беше направен со поднесувањето на барањето за членство на кое му претходеше потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Имајќи ги во предвид предизвиците на ЕУ во областа на слободата, безбедността и правдата, Република Македонија во соработка со земјите од регионот, континуирано превзема мерки се со цел натамошно зајакнување на владеење на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата истакна Беџети.

Вложуваме огромни напори за спроведување на реформите и реализација на приоритетите од Партнерството за пристапување за што се евидентни досегашните достигнувањата во зајакнување на независноста, зголемување на ефикасноста, специјализација и професионализација на судството со цел обезбедување на слободен и ефикасен пристап до правдата и втемелување на принципот на владеење на правото како основа за стабилен правосуден систем. 

Во обраќањето Беџети истакна дека обезбедувањето на независност, непристрасност и професионалност како и ефикасност на судскиот систем остануваат и понатаму да бидат клучни приоритети на судскиот систем на Република Македонија.

Министерот Беџети се сретна и со делегацијата на Црна Гора на која средба е потпишан Договор за екстрадиција меѓу двете земји.


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk