Средба министер за правда на Република Македонија г-н Блерим Беџети –г-н Хајредин Кучи министер за правда на Република Косово  
     
 

03.10.2011

 
 

Во рамки на форумот се оствари средба помеѓу министерот Беџети и министерот за правда на Република Косово г-дин Хајредин Кучи.

На средбата во срдечен разговор се дискутираше за активностите на двете држави во областите кои ги покриваат двете министерства.

Министерот Беџети го запозна министерот Кучи со реформските активности во областа на правосудството имерките кои се преземаат за независноста и самостојноста на судството.

Министерот Кучи говореше за тековните активности на министерството за правда на Република Косово .

Двајцата министри се согласија дека е потребно интензивирање на натамошните форми на соработка меѓу двете држави на полето на кривичноправната и граѓанската материја.


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk