Заврши дводневната Конференција во Охрид  
     
 

04.10.2011

 
 

Заврши дводневниот Форум за правда и внатрешни работи, кој се одржа во Охрид, на кој сите земји од Западниот Балкан дебатираа за заедничките цели кои ги очекуваат нивните земји до полното зачленување во Европската Унија. Во текот на ова Конференција, со нивните искуства и сугестии, се претставија високи претставници на Европската Унија, на чие чело беше Комесарот за Внатрешни работи, Сесилиа Малмстронг, и други високи претставници на Европската Комисија од областа на правдата и сигурноста. На вториот ден на Конференцијата, министрите за правда на земјите од Западниот Балкан, дебатираа за реформите и обврските кои ги превзеле од ЕК. Независноста на судството и правобранителството, правната соработка во кривичните и граѓанските спорови, како и унапредувањето на соработката со EUROJUST, беа теми на дебатирање во текот на вториот ден од форумот во Охрид. Министерот за правда Блерим Беџети, во неговиот говор, дискутирајќи за судскиот систем и за реформите во ова област, истакна дека независноста на судскиот систем е главен столб на правното уредување, кој се основа врз принципот на владеење на правото и функционирање на правна држава.

„Владата на Република Македонија и Министерството за правда, како главни носители на реформските активности, посебно внимание му посветија на исполнувањето на критериумите и стандардите од областа на правосудството.

На ова обраќање, за успешното исполнување на реформите, како предност пред нас се ставени три главни цели: Зајакнување на судската независност, зголемување на ефикасноста и целосно комплетирање со средства и дополнителна екипа со кадар во правосудните институции.

Интегрирањето на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, е стратешка цел, и основна предност на Владата на Република Македонија. Но стабилноста на институциите, гарантирањето на демократијата, владеење на правдата, заштитата на човековите права и правата на заедниците, како дел од критериумите на Копенхаген, се условите кои треба целосно да ги исполниме на патот за пристап кон ова големо европско семејство.„ изјави министерот Беџети, според кој правосудните институции, играат главна улога во реализирањето на правдата и се основна гаранција за граѓанските права и слободи.

„Во изминативе години се усвоени повеќе од 100 закони од областа на правосудството. Исто така, во текот на овој период се основани 10 нови правосудни институции, кои се екипирани и се во функција. Голем напредок сме постигнале и во областа на инфроматичката технологија. Е поставен нов автоматски информативен систем за менаџирање со судските предмети, кој овозможува евидентирање и работење со судски предмети и поврзување на надворешните влезни документи со адекватните судски предмети. Во насока на зголемување на транспарентноста на правосудните институции, на интернет страницата на судовите, во континуитет се објавуваат судски одлуки и пресуди, каде граѓаните имаат пристап во секое време.„ истакна Беџети.

Министерот Беџети го пречека неговиот колега од Албанија

На маргините на Конференцијата во Охрид, на вториот ден, министерот Беџети, имаше билатерална средба со неговиот колега од Албанија, Едуард Халими, со кој разговараше за очекувањата кои ги чека двете земји на патот кон ЕУ. И двајцата министри во текот на средбата подигнаа иницијатива за основање на соработка во областа на екстрадицијата на граѓаните.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk