Брифинг во врска со Информацијата за работата на комисиите за денационализација  
     
 

10.01.2007

 
 

На ден 10.01.2007 година Директорот на Државниот управен инспекторат Димитар Ѓеорѓиевски одржа брифинг за новинарите во просториите на Министерството за правда.

На брифингот новинарите беа запознаени со состојбите кои инспекторатот ги утврди при надзорот во општинските комисии за денационализација и во второстепената комисија за одлучување по барањата за денационализација во Владата на Република Македонија. Директорот на инспекторатот истакна дека комисиите за денационализација доцнат со решавањето на предметите, особено во периодот од 2004 до 2006 година, односно половина од предметите сеуште не се решени иако рокот за решавање утврден во Законот за денационализација е изминат.

Исто така беа изнесени и други неправилности во работата на комисиите како што се неземање на предметите во работа по рокот на приемот, непредавање на денационализираниот имот во фактичко владени на странките и изложувањето на странките на дополнителни трошоци во судска постапка да го добиваат имотот во владение. Како еден  од проблемите во постапката за денационализација беше истакната и неажурноста на Државниот завод за геодетски работи-Сектор за премер и катастар.

Овие недостатоци се наведени и во Информацијата која Државниот управен инспекторат ја достави до Владата на Република Македонија во која покрај недостатоците се предложени и мерки за надминување на состојбите и за завршување на процесот на денационализација. Оваа информација е усвоена од Владата на 27.12.2006 година.

 

ИНФОРМАЦИЈ
A  ЗА  РАБОТАТА   НА  ОРГАНИТЕ  ЗА  ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА 
ЗА  ПЕРИОДОТ  ОД  2000  ГОДИНА
  -  НОЕМВРИ  2006  ГОДИНА

  

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk