Соопштение  
     
 

20.10.2011

 
 

Во врска со соопштението објавено од Основниот суд Скопје 1 Скопје на 19-10-2011 година, Министерството за правда Ве информира дека,  фудбалскиот  натпревар одржан на 16-10-2011 година на стадионот  ,,Филип  2 ,, во кој учествуваа судии,  адвокати и обвинители беше дел од кампањата за реформите во судството, која што беше организирана од ПР агенцијата „Њу момент „  и Секретаријатот  при Владата на РМ.

Сакаме уште еднаш да потенцираме дека Министерството за правда е целосно посветено на спроведување на реформите  во правосудството  со цел да се  овозможат брзи, ефикасни, фер и правични судски процедури за сите македонски граѓани и во таа насока  ја  поддржуваме  независноста и самостојноста на  судството  затоа што заеднички интерес на судовите, судиите, на министерството и на граѓаните е судството да биде колку што е можно поефикасно .

Со организирање на ваков фудбалски натпревар  најмалку имавме намера  за омаловажување на било кој од учесник во натпреварот , напротив  целта ни беше да истакнеме дека преку кампањата сакаме  да достигнеме афирмирање на позитивните вредности од актуелните реформи во македонското судство.

За да  ја потврдиме јасната намера  од овој настан во прилог ви цитираме и дел од говорот на министерот за правда  Организирањето на овој фудбалски натпревар, симболично го претставува судскиот процес. Притоа, целта е на јавноста да и ја објасниме суштината и важноста од реформите, симулирајќи ги судските процеси во фудбалска игра “ во таа насока би сакале да истакнеме дека натпреварот симболично го пртставува судскиот процес во кој се влучени  судии, јавни обвинители, и адвокати  а намерата на кампањата е да ги вклучи сите фактори што придонесуваат за подобро судство.

            Министерството за правда заедно со владата на Р.М и понатаму  ќе гради прокативен пристап во реформите  кои треба да се превземат во сферата на правосудсвото, така да сметаме  дека е крајно несериозно е  тенденцијата за генерализирање на реакцијата по настанот кој што имаше цел промовирање на реформите  од само Основниот суд Скопје 1 Скопје.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk