Средба меѓу министерот за правда Блерим Беџети и директорот на Судскиот институт на Косово, Лавдрим Красниќи  
     
 

21.10.2011

 
 

Денес (на 21.10.2011)  во просториите на Министерството за правда  министерот Беџети го пречека  директорот на Судкиот институт на Косово, г – дин Лавдрим Красниќи. На срдебата присуствуваше и колегата на Красниќи, директорката на  Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија, Анета Арнаудовска.

На средбата се дискутираше за продлабочување на соработката од областа на правосудството. Красниќи изрази благодарност за досегашната соработка која ја нудат на Република Косово,  Министерството за правда и Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија.

Министерот Беџети го увери Красниќи дека во иднина, и понатаму ке се интензивира соработката меѓу двете земји.

Директорот Красниќи му се заблагодари на министерот Беџети за спремноста, и додаде дека ова е добро искуство за Косово, и дека моделот што се спроведува во Акадедмијата за судии и јавни обвинители во Македонија, е сличен со тој на Косово, и барам соработката да биде поинтензивна со намера спроведување на реформите, за да се усогласи нашето законодавството со законодавството на Европската Унија.

На крајот од средбата се сложија во иднина да се разменуваат предавачи и слушатели од академиите на двете земји.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk